Објавено на 25 Март, 2025 во Вести
На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени следните одлуки:
- Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за распределба на средствата наменети за солидарна шема на УЕФА за сезоната 2024/25 во висина од 1.811.000 евра.
Средствата ќе бидат распределени на клубовите од Прва МФЛ кои ќе ги исполнат критериумите за натпреварувачата сезона (програма за развој и минимум правни информации).
Средствата ќе бидат распределени подеднакво, односно секој клуб ќе добие по 150.916,00 евра.
- Управниот одбор на ФФМ го усвои предлогот за назначување на Генерален секретар на ФФМ.
Леонид Јандреоски е назначен за прв оперативец во „Куќа на фудбалот“ со мандат од четири години.
Леонид Јандреоски (02.10.1997) е дипломиран економист на економскиот факултет при УКИМ. Има завршено магистарски студии на економскиот факултет во Љубљана, во областа спортски менаџмент. Активно учество во организацијата на Европското првенство во фудбал до 21 година во Љубљана, Словенија 2021 година. Стекнат сертификат за напреден спортски менаџмент, едукативна програма организирана од МОК.
Работно искуство има во реномираната компанија А1 Македонија во делот на маркетинг комуникации, продолжувајќи го искуството во истата област од Универзал Медиа.
Секој клуб од Прва МФЛ ќе добие по 150.916,00 евра од солидарна шема....