Објавено на 05 Април, 2019 во Вести, Семинари
Центарот за Едукација при Фудбалската Федерација на Македонија распишува упис на тренери-кандидати за посета на курс за добивање на УЕФА Б и УЕФА А Диплома.
За УЕФА Б Диплома – 25 места, со следниве услови за упис на курсот:
- Барање за упис со наведени мејл и телефон за контакт, со прилог следниве документи:
- Државјанин на Република Македонија и најмалку 22 години старост, (копија од пасош)
- Завршено најмалку средно образование - 4 години, (копија од диплома)
- Најмалку 4(четири) години фудбалски стаж како сениорски играч, (потврда од клубот или општински фудбалски сојуз доколку клубот не постои)
- Лекарско уверение – оригинал
- Уплатница од 100 евра во денарска противвредност на сметка на ФФМ како прва рата (курсот чини вкупно 482 евра, во овие средства не се влезени трошоци за пат и сместување 2 х 7 дена во местото на одржување на курсот).
- две слики како за лична карта
за УЕФА А Диплома – 25 места, со следниве услови за упис на курсот:
- Барање за упис со наведени мејл и телефон за контакт со прилог следниве документи:
- Државјанин на Република Македонија и најмалку 25 години старост, (копија од пасош)
- Носител на УЕФА Б Диплома најмалку две години, (копија од дипломата)
- Најмалку 2(две) години тренерски стаж како носител на УЕФА Б Диплома од кои најмалку 1(една) како главен тренер во младински категории или асистент во сениорски категории, потврда од клубот (ФФМ ја проверува информацијата во КОМЕТ системот)
- Лекарско уверение – оригинал
- Уплатница од 200 евра во денарска противвредност на сметка на ФФМ како прва рата (курсот чини вкупно 875 евра, во овие средства не се влезени трошоци за пат и сместување 2 х 5 дена и еднаш 7 дена во местото на одржување на курсот).
Уплатата се врши на жиро сметка на ФФМ:
300000001599760 – Комерцијална Банка
Примач – ФФМ Скопје
Цел на дознака: За УЕФА Б односно УЕФА А курс
Доколку се пријават повеќе од 25 кандидати за курсот, Центарот за Едукација на ФФМ го задржува правото да изврши дополнително тестирање на кандидатите за прием во групата.
Заинтересираните кандидати треба своите барања и документи да ги достават до архивата на ФФМ или по пошта на адреса Бул. АСНОМ 21, 1000 Скопје - најкасно до 20.04.2019. по зваршување на уписот и формирање на групите, примените кандидати ќе бидат известени за термините на одржување на семинарите.
Со почит
Центар за едукација
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....