Упис на тренери кандидати за УЕФА Б и УЕФА А Диплома

Објавено на 08 Април, 2015 во Вести, Семинари


Центарот за едукација на ФФМ, објавува почеток на упис на тренери кои се заинтересирани за добивање на УЕФА тренерски дипломи и тоа за следниве нивоа:

Упис за добивање на УЕФА Б Диплома, сите заинтересирани тренери да ја достават следнава документација до архива на ФФМ:

- Диплома за завршено образование најмалку ССС

- Потврда за фудбалски стаж како сениорски играч, најмалку 4 години

- Важечко лекарско уверение

- Копија од лична карта или државјанство

- Уплатница за прва рата (100 евра во денарска противвредност)

Уплатата се врши на жиро сметка на ФФМ: 300000001599760 во Комерцијална Банка со назнака за курсот за кој се пријавува


Упис за добивање на УЕФА А Диплома, сите заинтересирани тренери да ја достават следнава документација до архива на ФФМ:

-  Копија од важечка УЕФА Б Диплома

-  Потврда за тренерски стаж од најмалку 2(две) години како носител на УЕФА Б Диплома, од кои најмалку една како тренер на сениорска екипа.

-  Важечко лекарско уверение

-  Уплатница за прва рата (200 евра во денарска противвредност)

Уплатата се врши на жиро сметка на ФФМ: 300000001599760 во Комерцијална Банка со назнака за курсот за кој се пријавува

По комплетирање на групите, Центарот за Едукација ќе ги потврди точните термини за одржување на курсевите кои се планираат за втора половина на месец Мај и месец Јуни 2015

Дополнителни информации можете да добиете на мејл: mario.gjurcinovski@ffm.com.mkи 02/3231537




   
   
Актуелности

30.12.2024    Вести

Новогодишно интервју со Масар Омерагиќ - Претседател на ФФМ

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...

27.12.2024    Вести

Горан Станиќ нов селектор на Македонија до 21 година

Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....

Календар
А репрезентација