Упис на тренери кандидати за УЕФА А Диплома

Објавено на 24 Септември, 2021 во Вести, Семинари


Центарот за Едукација при Фудбалската Федерација на Македонија распишува конкурс упис на тренери - кандидати за посета на курс за добивање на УЕФА А Диплома.

УЕФА А Диплома - 20 места со следниве услови за упис на курсот:

- Барање за упис со наведени e-mail и телефон за контакт. Во прилог да бидат доставени следните документи:

- Државјанин на Македонија и најмалку 25 години старост (копија од пасош)

- Носител на УЕФА Б Диплома најмалку две години (копија од дипломата)

- Најмалку 2 (две) години тренерски стаж како носител на УЕФА Б Диплома од кои најмалку 1 (една) како главен тренер во младински категории или асистент во сениорски категории, потврда од клубот (ФФМ ја проверува информацијата во КОМЕТ системот)

- Лекарско уверение - оригинал

- Уплатница од 200 евра во денарска противвредност на сметка на ФФМ како прва рата (курсот чини вкупно 875 евра, во овие средства не се влезени трошоци за пат и сместување за 2 семинари х 5 дена и еден семинар од 7 дена во местото на одржување на курсот).

Уплатата се врши на жиро сметка на ФФМ:

300000001599760 - Комерцијална Банка

Примач - ФФМ Скопје

Цел на дознака: за УЕФА А курс

Доколку се пријават повеќе од 20 кандидати за курсот, Центарот за Едукација на ФФМ го задржува правото да изврши дополнително тестирање на кандидатите за прием во групата.

Заинтересираните кандидати треба своите барања и документи да ги достават до архивата на ФФМ или по пошта на адреса Бул. АСНОМ 21, 1000 Скопје - најдоцна до 08.10.2021. по завршување на уписот и формирање на групите, примените кандидати ќе бидат известени за термините на одржување на семинарите.

Напомена: за учество на курсот ќе се применуваат важечките протоколи и мерките за организација на ваков вид настани.

Во продолжение можете да го преземете барањето за упис за УЕФА А Диплома:

Барање - УЕФА А Курс.docx 





   
   
А репрезентација