Објавено на 04 Септември, 2016 во Вести
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да ја награди младата репрезентација на Македонија до 21 година со премија во висина до 2000 евра индивидуално за досегашните залагања во тековните квалификации за пласман на ЕП 2017.
Управниот одбор на ФФМ дополнително ќе ја одреди висината на премијата за евентуален пласман на селекцијата до 21 година на Европскиот шампионат во Полска.