Лицата со телесен инвалидитет се сликаа со големиот трофеј на републичките игри на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.
Тимовите од цела Македонија кои се борат да влезат во финалните натпревари од ФФМ Детската лига денеска пред да ги одиграат последните мечеви од оваа сезона имаа можност да се радуваат на фотографиите со УЕФА Супер Куп трофејот.
Еден од најзначајните трофеи во Европа наменет за победникот на Суперкупот на Европа е во просториите на Фудбалската федерација на Македонија. Скопје и Националната арена ќе бидат домаќини на 8. август на средбата меѓу освојувачот во ЛШ и ЛЕ.