Објавено на 26 Ноември, 2014 во Вести, Семинари
Семинарот ќе се одржи од 01. до 03. декември 2014. година во хотел „ТЦЦ Гранд Плаза“, каде со свои теоретски презентации ќе се појават: Џим Флитинг, Директор за фудбалски развој на Шкотска Асоцијација, Бошко Ѓуровски, Селектор на А репрезентацијата на Македонија, Небојша Марковски, Технички Директор ФФМ, Вујица Живковиќ и Ленче Алексовска Величковска, предавачи во Центарот за Едукација.
Практичниот дел од семинарот ќе се одржи на тренинг центарот на ФФМ - „Петар Милошевски“ и тоа: на 01.12. со почеток во 12.00 часот тренинг ќе одржи Џим Флитинг (Директор за фудбалски развој на Шкотска Асоцијација), додека на 02.12 со почеток во 11:30 часот, тренинг ќе одржи Селекторот на А репрезентација, Бошко Ѓуровски во соработка со Гордан Здравков и Добринко Илиевски, ФФМ инструктори.
Практичниот дел ќе биде реализиран со фудбалерите од ФФМ Академијата (втора и трета година)
Практичните сесии се од отворен карактер и може да присуствуваат и останати заинтересирани тренери.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....