Објавено на 17 Октомври, 2014 во Вести
Центарот за Едукација на Фудбалската федерација на Македонија започна со едукација на тренерите за добивање на УЕФА ПРО Диплома од 4. генерација. Првиот модул од оваа програма се одржа на 13. и 14. октмоври 2014 во Скопје со теоретско – практични презентации на домашни предавачи и инструктори, додека вториот модул ќе се одржи од 20. до 23. октомври во Нион, Швајцарија во седиштето на УЕФА каде теоретски и практични презентации ќе имаат врвни европски тренери...Дејвид Мојс, Пеки Бонер, Нико Ромејн, Питер Рудбек, Хауард Вилкинсон.
Теоретско – практичната програмата за добивање на УЕФА Про Диплома трае 240 часа и кандидатите ќе имаат можност да ја проследат во период од една година во повеќе модули. По завршувањето на програмата тренерите ќе можат да пристапат кон практично теоретскиот испит.
Во оваа група на кандидати за УЕФА Про тренерска диплома помеѓу другите се и Драги Сетинов, Жарко Серафимоски, Неби Мустафи, Александар Васоски, Срѓан Захариевски, Игор Ѓузелов, Неџат Шабани, Игор Ангеловски, Гајур Садики, Јане Николоски, Горан Станиќ, Виктор Треневски.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....