УЕФА Про Диплома – 4. Генерација

Објавено на 27 Октомври, 2014 во Вести


Центарот за едукација на Фудбалската федерација на Македонија, со својата четврта генерација на тренери, кандидати за добивање на УЕФА ПРО Диплома, во периодот од 20. до 23. октомври учествуваше на семинар во организација на УЕФА. Семинарот се одржа во Нион, седиштето на УЕФА, каде нашите тренери имаа можност теоретски и практично да ги слушнат и видат  презентациите на врвните европски инструктори, како и можност да направат интервју/разговор со Дејвид Мојс, поранешниот тренер на Евертон и Манчестер Јунајтед.

Исто така, нашата група на тренери, а по претходно добиени задачи, направи теоретско – практична презентација на анализа на противник, подготовка на против игра и микроциклус и презентација на еден тренинг на тема: „Организација на контра напад по странични позиции“. По завршувањето на презентациите на анализата и пректичниот приказ, нашата групата доби позитивни критики од менторот Џим Флитинг (Шкотска), од Дејвид Мојс и од останатите инструктори.

Програмата за УЕФА Про Диплома продолжува со Модул 3, за кој точниот термин ќе се знае по добивање на потврда за присуство на врвен странски предавач.

http://www.uefa.org/football-development/technical/coach-education/news/newsid=2171115.html





   
   
А репрезентација