Објавено на 07 Октомври, 2015 во Вести
Фудбалската федерација на Македонија официјално прими допис од Уефа во кој стои дека се поведува постапка против Аријан Адеми, репрезентативец на Македонија и фудбалер на ФК Динамо поради позитивен допинг тест. По повод постапката која ја отвора УЕФА, свое соопштение прати и ФК Динамо во кое стои:
- Официјално ги примивме резултатите од допинг контролата по натпреварот од првото коло во Лигата на Шампионите против Арсенал и дека нашиот играч Аријан Адеми беше позитивен на допинг тест и против него УЕФА отвора постапка. Според правилата на Уефа ФК Динамо не смее да дава коментари додека трае дисциплинската постапка и додека не биде готов наодот од Б контролата. Аријан Адеми во последната година шест пати беше тестиран и секој пат наодот беше негативен. Исто така играчите од почетокот на сезоната повеќепати беа тестирани од страна на Уефа и хрватската антидопинг агенција и наодите секогаш беа негативни. Кога ќе имаме повеќе информации ќе ги известиме навивачите и јавноста.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....