Објавено на 16 Јуни, 2020 во Вести
Извршниот комитет на УЕФА, утре од 12:00 до 15:00 часот и во четврток од 09:00 до 12:00 часот ќе одржи видео конференциски состанок на кои ќе се одлучува за важни прашања поврзани со календарот на натпревари од Европските купови (Лига на Шампиони и Лига на Европа), Лига на Шампиони во женска конкуренција, потоа за местата и термините на одигрување за натпреварите од ЕУРО 2020, плеј-оф натпреварите од Лига на Нации за пласман на ЕУРО 2020, групната фаза од истото натпреварување за сезоната 2020/2021, како и каледарот и форматот за Европското првенство за фудбалери до 21 година, континенталните шампионати за фудбалери до 17 и 19 години и футсал натпреварувањата во организација на УЕФА.
По состанокот на највисокото тело на УЕФА, Европската куќа на фудбалот ќе организира видео конференциски состанок со генералните секретари на 55. членки на УЕФА.
2019/2020 УЕФА Лига на Шампиони и Лига на Европа - елиминациска фаза и завршница;
2020/2021 УЕФА Лига на Шампиони и Лига на Европа - квалификациска фаза, плеј-оф и натпревари по групи;
2019/2020 УЕФА Лига на Шампиони (жени) - елиминациска фаза и завршница;
2020/2021 УЕФА Лига на Шампиони (жени) - календар;
2019/2020 УЕФА младинска лига - календар за преостанатите фази;
УЕФА ЕУРО 2020 места и термини на одигрување;
УЕФА ЕУРО 2020 плеј-оф и 2020/21 УЕФА Лига на Нации фаза по групи;
2019 - 21 УЕФА Европско првенство до 21 година - календар и формат на натпревари;
2019/20 УЕФА Европско првенство за девојки до 17 години и Европско првенство до 19 години – календар и формат на натпревари;
Футсал натпреварувања;