УЕФА на 19. септември ќе ги одреди 13 градови домаќини на ЕУРО 2020

Објавено на 15 Август, 2014 во Вести

Извршниот одбор на УЕФА на 19. септември во Женева ќе ги одреди 13 градови кои ќе бидат домаќини на Европското првенство 2020 година.

Нашиот главен град Скопје и Националната арена „Филип Втори“ се во кругот на потенцијални градови домаќини на ЕУРО 2020 со кандидатурата поднесена од Фудбалската федерација на Македонија. Вкупно 19 европски градови испратија кандидатура за организација на првенството во годината кога УЕФА одбележува 60 години од првото Европско првенство. Скопје и Националната арена „Филип Втори“ се кандидати за организација на натпревари од групната фаза на Европското првенство 2020.


Кандидатура за организација на ЕП 2020 поднесоа следните 19 градови: Азербејџан (Баку), Белорусија (Минск), Белгија (Брисел), Бугарија (Софија), Данска (Копенхаген), Англија (Лондон), МАКЕДОНИЈА (СКОПЈЕ), Германија (Минхен), Унгарија (Будимпешта), Израел (Ерусалим), Италија (Рим), Холандија (Амстердам), Р. Ирска (Даблин), Романија (Букурешт), Русија (Санкт Петербург), Шкотска (Глазгов), Шпанија (Билбао), Шведска (Стокхолм) и Велс (Кардиф).

Официјалната церемонија во Женева кога УЕФА ќе ги соопшти градовите домаќини на ЕУРО 2020 започнува во 13.00 часот.




   
   
А репрезентација