Објавено на 08 Октомври, 2016 во Вести, До 19 год
Македонската репрезентација до 19 години загуби против селекцијата на Северна Ирска во рамките на второто коло од Уефа мини - квалификацискиот турнир за пласман во елитната фаза. На стадионот во Инофроцлав нашите фудбалери беа поразени со минимални 2:1.
Во првиот дел избраниците на селекторот Јетон Несими одлично и парираа на репрезентацијата на Северна Ирска, се играше доста тврдо со многу прекини и голема битка на средината на теренот. И двете селекции пропуштија по неколку изгледни прилики за постигнување погодок, но на полувреме се заминаа без реализација. Најсериозни можности кај нас имаа Емил Абаз и Агон Хани
Во продолжението противникот одиграа поангажирано, посигурно и успеа да слави победа. Резултатот го отвори Меки во 59. минута. Многу брзо нашите фудбалери ги консолидираа редовите и во 60. минута го возрватија ударот. Елиф Елмас погоди за 1:1. Меклин во судиското продолжение успеа да погоди за предност и голема победа на Северна Ирска на дуелот со Македонија.
УЕФА квалификациски турнир, Полска.
Клупа за резервни фудбалери: Нехар Садиќи, Агон Хани, Милан Ристовски, Христијан Стевковски, Дарко Додев, Ване Јованов, Јани Атанасов;
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....