Објавено на 22 Јуни, 2015 во Лиценцирање, Вести
Согласно временската табела од постапката за лиценцирање за натпреварувања во УЕФА за сезона 2015/2016, 9(девет) клубови доставија пријави за лиценцирање, и тоа:
ФК Вардар АД – Скопје;
ФК Хоризонт Турново АД – с.Турново;
ФК Металург АД – Скопје;
ФК Работнички АД – Скопје;
ФК Шкендија АД – Тетово;
ФК Ренова АД – с.Џепчиште;
ФК Силекс АД – Кратово;
ФК Пелистер АД – Битола; и
ФК Тетекс АД – Тетово,
По извршениот преглед на документацијата, Одделението за лиценцирање при ФФМ достави извештај за секој клуб поединечно до Комисијата за лиценцирање на ФФМ, која е надлежна за донесување на одлуки.
На својата седницата, Комисијата за лиценцирање, ги донесе следните одлуки:
На клубовите:
ФК Металург АД – Скопје;
ФК Пелистер АД – Битола,
да не се издаде лиценца за учество во УЕФА натпреварувања за сезона 2015/2016.
Додека за клубовите:
ФК Хоризонт Турново АД – с.Турново;
ФК Вардар АД – Скопје;
ФК Работнички АД – Скопје;
ФК Шкендија АД – Тетово;
ФК Ренова АД – с.Џепчиште;
ФК Силекс АД – Кратово;
ФК Тетекс АД – Тетово,
Да се издаде лиценца за учество во УЕФА натпреварувањата за сезона 2015/2016.
Клубовите своите домашни натпревари ќе ги одиграат на единствениот лиценциран стадион за УЕФА клубски натпреварувања: Националната Арена Филип II во Скопје.
УЕФА преку ФФМ го задржува правото да изврши посета на лице место во секое време во однос на доставената документација како и да побараат дополнителни докази во понатамошниот период.
Клубовите кои обезбедија учество во натпреварувањата на УЕФА, ќе влезат во процесот на Финансиски Фер Плеј, каде што се должни да известуваат и понатаму.
Со добивање на оваа лиценца, тоа не значи автоматски дека клубовите добиле лиценца за учество во домашното првенство за сезона 2015/2016.
Одделение за лиценцирање