УЕФА ги одложи сите натпревари кои беа закажани до јуни меѓу нив и плеј-оф дуелите за ЕВРО 2020

Објавено на 01 Април, 2020 во Вести


Европската куќа на фудбалот, УЕФА, денеска одржа видео конференција со генералните секретари на сите 55 членки асоцијации на УЕФА, а потоа Извршниот комитет на УЕФА донесе неколку одлуки. 

• Сите натпревари меѓу националните тимови (мажи и жени) кои првично беа закажани за Јуни 2020. се одложуваат. УЕФА дополнително ќе го одреди терминот за одигрување на истите. Одуката ги вклучува и плеј - оф натпреварите за пласман на ЕВРО 2020 и квалификациските натпревари за ЕП 2021 за жени.

• (1) Финалниот турнир од Европското првенство до 17 години кој беше закажан за Мај 2020 година, исто така е откажан. (2) Во претходно одредениот термин, Јули 2020. и (3) Мај 2020. нема да се одиграат ниту финалните турнири од Европското првенство за девојки до 19 и 17 години. (4) Финалниот турнир од Европското првенство до 19 години закажан за Јули 2020. се одложува, а терминот на одигрување дополнително ќе биде објавен.

• УЕФА Лигата на Шампиони во футсал закажана за Април 2020. се одложува до дополнително известување за новиот термин.

• Сите останати мечеви од натпреварувањата на УЕФА, вклучувајќи ги и пријателските натпревари остануваат одложени.

• Роковите поврзани со сите клупски натпреварувањана УЕФА 2020/21 се одложени до понатамошно известување, особено во однос на процесот на  регистрација на играчи. УЕФА дополнително ќе одреди нови рокови.

Извршниот комитет ја повтори својата целосна заложба за лиценцирање на клубови и финансиски фер - плеј и се согласија дека сегашните исклучителни околности бараат одредени специфични интервенции и олеснување на работата на асоцијациите членки и клубовите и го поддржува предлогот да им се даде на националните асоцијации повеќе време за да се заврши клупското лиценцирање

Како резултат на зголемената неизвесност предизвикана од тековните вонредни настани, Извршниот комитетот, исто така, одлучи да ги прекине одредбите за лиценцирање на клубовите кои се однесуваат на подготовките и проценка на идните финансиски информации на клубовите. Оваа одлука се применува исклучиво за учество на клупските натпреварувања на УЕФА од натпреварувачката 2020/21 година.




   
   
А репрезентација