Објавено на 13 Март, 2019 во Вести
Редовно Генерално Собрание со вонреден избор на Претседател на Фудбалската федерација на Македонија ќе биде одржано на 17. март 2019. година во хотел „Инекс Горица“ во Охрид со почеток во 10:00 часот.
Муамед Сејдини е единствениот пријавен кандидат за претседател на ФФМ и ги исполнува сите услови за кандидатура. За претседател на ФФМ, Муамед Сејдини го кандидираше Општинскиот фудбалски Сојуз - Кичево.
Своето присуство во Охрид на Редовно Генерално Собрание со вонреден избор на Претседател на Фудбалската федерација на Македонија го потврдија УЕФА, ФИФА, Агенцијата за спорт и млади и Македонскиот олимписки комитет.
Европската фудбалска Асоцијација (УЕФА) на Собранието на ФФМ во Охрид ќе ја претставуваат Давор Шукер, член на Извршниот комитет на УЕФА и Алекс Филипс, раководител за управување и усогласеност во УЕФА.
ФИФА ќе ја претставува Хејди Беха, менаџер за развој во Светската фудбалска Асоцијација.
Агенцијата за спорт и млади (АМС) преку допис до ФФМ го потврдија присуството на директорот на Агенцијата за спорт и млади, Дарко Каевски, но доколку не е во можност заради големиот број на работни обврски, како што стои во дописот, АМС ќе ја претставува раководителот на сектор спорт, Томислав Андоновски.Допис - АМС присуство на ФФМ Собрание.pdf
Македонскиот олимписки комитет ќе го претставуваат претседателот на МОК, Васил Тупурковски и генералниот секретар, Сашо Поповски.