Објавено на 02 Октомври, 2019 во Вести, А репрезентација жени
Убедлива победа на најдобрата македонската женска репрезентација во рамки на квалификациската група „Г“ за пласман на Европско првенство. На тренинг центарот „Петар Милошевски“, нашите фудбалерки беа подобри од селекција на Казахстан со 4:1 (3:0).
Избраничките на Кирил Изов во текот на сите 90. минути од средбата имаа целосна контрола на играта и резултатот. Предоста од три гола на полувреме јасно потврди дека нашите девојки максимално сериозни го сфатија натпреварот и го покажаа својот квалитет. Капитенката Наташа Андонова и Гентијана Рочи беа стрелци на головите за македонската репрезентација.
Рутински го одиграа продолжението од дуелот, откако им дадовме три погодоци до полувреме. Головите за Македонија на овој натревар ги постигнаа: Андонова (7. минута, 28. минута од пенал) и Рочи (13.и 74. минута). Единствениот гол за гостинската репрезентација го постигна Јулија Масникова во 72. минута.
Нашата репрезентација настапи во следниот состав: Викторија Панчурова, Ане Бошеска, Павлинка Николовска, Гентјана Рочи (Теодора Димовска) , Романа Трајковска, Улза Максути (Хава Мустафа), Наташа Андонова, Ели Јаковска (Драгана Костовска, Јулија Живиќ , Маја Ангеловска и Александра Ристовска.
- Фантастично. Одигравме одличен натревар. Победата од 4:1 е најдобар показател за тоа. Атмосферата во националниот тим е одлична. Им се вративме на победите. Навистина сум задоволна од прикажаното во текот на целиот нaтревар, изјави нашата најдобра фудбалерка, Нашата Андонова.
Македонската репрезентација наредниот меч од евроквалификациите го игра на 5. октомври, повторно на домашен терен против селекцијата на Србија.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....