Објавено на 12 Ноември, 2015 во Вести, Вести
А репрезентацијата на Македонија славеше убедлива победа од 4:1 над Црна Гора во контролен натпревар на кој дебитираше новиот селектор Игор Ангеловски. Македонија одигра одличен натпревар, особено во првото полувреме кога успеавме на противникот да му дадеме три гола за само 5 минути. Капитенот на нашата репрезентација, Ванче Шиков го постигна водечкиот погодок, по одбиената топка во противничкиот шеснаесетник, откако Агим Ибраими упати одличен удар од далечина. Македонија ја зголеми предноста на 2:0 со гол од пенал, кој успешно го реализираше Александар Трајковски. Истиот играч две минути подоцна го постигна и вториот гол за предност од 3:0 на нашите фудбалери. Во продолжението Александар Трајковски реализираше хет трик за водство на Македонија од 4:0. Koнечните 4:1 ги постави капитенот на црногорската репрезентација, Стеван Јоветиќ.
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Ристовски, Шиков, Мојсов, Жута, Стјепановиќ (72’ Брдаровски), Глигоров, Тричковски (57’ Петровиќ), Ибраими, Трајковски (83’ Илијоски), Велкоски (58’ Несторовски).
Следниот контролен натпревар избраниците на предводникот Игор Ангеловски ќе го одиграаат на 17 ноември против селекцијата на Либан на националната арена „Филип Втори" со почеток од 13.00 часот.