Објавено на 06 Април, 2015 во Вести, До 17 год жени
Нашата млада репрезентација во текот на целиот натпревар беше далеку подобар противник и сосема заслужено се радуваше на убедлив триумф. Најдобар поединец на овој дуел беше Максути Улза која успеа да запише хет трик. По еден гол успеаа да постигнат Шемшовиќ Елма и Чубриновска Јана.
„Одигравме еден добар натпревар, влеговме максимално мотивирани и сите што настапија ги исполнија поставените задачи. Утре го играме вториот натпревар против Лихтенштајн и ќе се обидеме да ја повториме денешната игра и да ја забележиме втората победа", изјави селекторот Кирил Изов за официјалната веб страна на Фудбалската федерација на Македонија.
Предводникот на женската селекција на Македонија до 16 години, Кирил Изов средбата ја започна во следниот состав: Крстеска Евгенија, Благонова Ана, Ѓорѓиевска Теодора, Гоцевска Анита, Биневска Ивана, Шемшовиќ Елма, Белистојаноска Марија, Чубриновска Јана, Талевска Мила, Николовска Анастасија и Максути Улза.