Објавено на 17 Септември, 2021 во Вести, А репрезентација жени
Македонската женска А репрезентација загуби со убедливи 8:0 од топ фаворитот Англија на „Ст. Мери“ во Саутемптон во 1. коло од квалификациите за СП 2023 година.
Нашите фудбалерки имаа негатива од еден гол до 40-тата минута, но силната домашна селекција сепак убедливо славеше на воведниот меч од групата. Англичанките имаа целосна доминација во играта и преку Тун во 12. минута го отворија резултатот. Предноста ја удвои Вајт, а Живиќ со автогол им донесе 3:0 на полувреме на англичанките.
Во второто полувреме продолжи опсадата кон нашиот гол. Повторно погоди Вајт, а во продолжението нашата мрежа два пати ја затресе Ингланд. Коларовска си постигна автогол, а конечните 8:0 ги постави Бетани Мед во судиското продолжение.
Следниот натпревар го играме против Австрија на домашен терен на 21. септември.