У21: Македонската репрезентација денес пристигна во Ахен - Германија

Објавено на 25 Мај, 2014 во До 21 год

Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година, денес пристигна во Ахен – Германија каде во вторник (27.05) ќе одигра пријателски натпреар со репрезентацијата на Катар за играчи до 22 години.

Натпреварот ќе се одигра на Тиволи Стадионот во Ахен со почеток во 19.00 часот.

Поради повреди од составот кој играше против Португалија во петокот отпаднаа: Муслиу Висари Најдоски Дино додека поради клубски обврски ослободени беа Дориан Бабунски и Мицевски Дарко а Егзон Бејтулау поради мораше да остане во Македонија од фамилијарни причини.

Дополнително беа повикани Мевлан Адили од Шкупи и Талевски Виктор од Ајнтрахт Франкуфрт, Селекторот Бабунски за овој натпревар ги има на располагање следниве 18 фудбалери:

Голмани:

Димитриевски Столе

Алексовски Игор

Одбрана:

Дамчевски Александре

Тошевски кристијан

Зајков Ѓорѓи

Ашковски Стефан

Талевски Виктор

Цикарски Мите

Мевлан Адили

Среден ред:

Блажевски Мартин

Николов Бобан

Велковски дарко

Бесмир Бојку

Петрески Филип

Напад:

Фахрудин Ѓурѓевиќ

Симоновски Марко

Радевски Марјан

Маркоски Кире




   
   
А репрезентација