У19: Нерешено на првиот пријателски натпревар против селекцијата на Словенија

Објавено на 03 Јуни, 2014 во До 19 год

Младата селекција на Македонија до 19 години го одигра првиот од двата контролни натпревари против соодветната селекција на Словенија.

Во комплексот „Куќа на фудбалот" нашата репрезентација одигра нерешено 2:2. Одигравме лоши први 45 минути. Со головите на Николич Зан во 1 минута и Озболд Ален во 38 минута  Словенската репрезентација имаше убедлива предност по првиот дел. Далеку подобро второ полувреме на нашите репрезентативци што резултираше со два гола во мрежата на гостинската репрезентација. Головите ги постигнаа Боцевски Слободан во 63 минута  и Петковски Петар во 69 минута.

Селекторот  Марио Вујовиќ средбата ја започна со следниве фудбалери: Ѓоргиев Душан, Боцевски Слободан, Аломеровиќ Шабанудин (Аманович Алекса), Ивановски Миран, Терзиев Горан (Демир Бенјамин), Илиевски Антонио (Костадинов Тихомир), Чаволи Андриан (Кочовски Валентин), Чешменѓиев Константин, Петковски Петар (Кудијан Андреј), Сулејманов Таљант (Христов Мартин), Стојановски Филип.

Одигравме одлично второ полувреме што не беше случај со првиот дел. Доста несконцентрирано влеговме во овој натпревар, правевме доста грешки што нашиот противник максимално ги искорист. Честитки до моите играчи кои во второто полувреме се вратија во игра и успеаа да го анулираат водството на противничката екипа. Покажаа одлична желба и одиграат максимално борбено до самиот крај. - изјави селекторот Вујовиќ.



   
   
Актуелности

30.12.2024    Вести

Новогодишно интервју со Масар Омерагиќ - Претседател на ФФМ

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...

27.12.2024    Вести

Горан Станиќ нов селектор на Македонија до 21 година

Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....

Календар
А репрезентација