Објавено на 03 Јули, 2014 во До 19 год жени
Натпреварот во регуларниот дел заврши 2-2, а по изведувањето на пеналите нашата репрезентација славеше со 7-6. Симона Крстановска беше стрелец на двата погодоци за Македонија во 33 и 81 минута од натпреварот.
За Македонија на оваа средба настапија: Ангела Пеева, Александра Поповска (Евгенија Таповска 46'), Ана Мицковска, Стефани Скерлевска, Елена Наковска (Данела Велевска 19'), Симона Крстановска, Наташа Левкова, Арлида Адили (Симона Дамевска 70'), Александра Марковска (Ане Бошевска 79'), Шипе Бојку (Теодра Киранова 85') и Енхи Шерифи (Сашка Кокаловска 19').Многу сум задоволен од играта. Девојките дадоа сѐ од себе, и иако имавме тежок противник сепак дојдовме до реални шанси кои не ги реализиравме, но целта е остварена со тоа што успеавме да направиме костур на тимот кој ќе не претставува на квалификациите во Португалија. Драго ми е што го надминавме стравот, успеавме да се заканиме, и да постигнеме два погодоци. Тоа значи дека оваа екипа има сила и да се одбрани, но и да постигнува погодоци. Им честитам на сите фудбалерки кои беа повикани во репрезентацијата, тие комплетно ги исполнија моите очекувања - изјави селекторот Астрид Мерко.