Објавено на 05 Ноември, 2014 во Вести
Селекцијата на Македонија до 18 години одигра контролен натпревар против репрезентацијата на Азербејџан. На теренот во комплексот „ Куќа на фудбалот" нашата млада репрезентација славеше победа со 2-0.
Одличен почеток на нашите фудбалери кои со голот на Петар Петковски уште во првата минута од овој дуел поведоа со 1-0. Во првото полувреме не искористивме уште неколку добри прилики за зголемување на предноста. Најголемата можност за постигнување гол ја имаше Георгиев Бобан кој со одличен удар од работ на шеснаесетникот ја погоди пречката. Во вториот дел уште еден гол во мрежата на Азербејџан. Кочовски Валентин со удар од белата точка во 77` минута го постави конечниот резултат. За одбележување е и црвениот картон во гостинската селекција. Во 74` минута Мадатов Махир поради втор жолт картон предвреме го заврши натпреварот. Македонската репрезентација беше подобар противник во текот на целата средба и сосема заслужено забележа победа.
Селекторот на нашата репрезентација Јетон Несими средбата ја започна со следните фудбалери:
Целески Боби (Илиќ Филип), Боцевски Слободан (Дервиши Енис), Лазаров Стефан, Јефтовски Стефан, Алексиќ Милан, Аломеровиќ Дин ( Каранфиловски Кристијан), Георгиев Бобан (Кочоски Валентин), Шопоски Саше (Курт Реџеп, Перчинков Игор), Петковски Петар ( Халими Ментор), Мирчевски Мартин( Христов Мартин), Селмани Ремзифаик ( Исени Бесар).
„Добро е кога се победува. Годината ја започнавме со победата од 4-1 против Литванија на домашен терен. Истата ја завршуваме со овој триумф против Азербејџан. Задоволен сум од денешното издание на моите фудбалери, но секогаш има место за подигнување на нивото на игра. Пред нас е голема работа и верувам во напредокот на овие фудбалери како на технички така и на тактички план- изјави селекторот Јетон Несими.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....