Објавено на 24 Октомври, 2014 во Вести
Првиот натревар е закажан за 28 октомври во 17 часот, додека два дена подоцна во терминот од 11 ќе го одиграме вториот натревар. Средбите ќе се одиграат во „Тилки“ тренинг центарот на Унгарската Фудбалска Федeрација во близина на Будимпешта.
Селекторот Несими Јетон ги повика следните фудбалери:
ГОЛМАНИ: Филип Илиќ (ФК Металург), Боби Целевски (Македонија Ѓорче Петров).
ОДБРАНА Слободан Боцевски (ФК Македонија Ѓорче Петров) , Дин Алаомреовиќ (ФК Вардар),Тела Шаип (ФК Ксамакс), Милан Алексиќ (ФК Динамо Врање), Игор Перчинков (ФК Работнички), Стефан Лазаров (Работнички), Енис Дервиши (ФК Шкендија), Стефан Лазаров (ФК Работнички).
СРЕДЕН РЕД: Стефан Јевтовски (ФК Металург), Курт Реџеп (Академија Пандев), Исеини Бесарт (ФК Шкупи), Мартин Мирчевски (ФК Пелистер), Илбер Мејди (ФК Базел).
НАПАД: Петар Петковски (ФК Вардар),Валентин Кочовски (ФК Хоризонт Турново), Селмани Ремзифаик (ФК Ренова) , Боби Георгиев (ФК Металург).
„ Ова е уште една контролна проверка на која што одиме со проверени сили. На истата ќе го видиме квалитетот на неколку нови фудбалери. Како што знаеме генерацијата 1997 е една од најперспективните кога станува збор за младинските категории. Се надеваме на поволен резултат на ова гостување.“ –изјави селекторот Јетон Назири за официјалниот сајт на Фудбалската Федерација на Македонија.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....