У17 и У19 на камп во Дојран

Објавено на 04 Јули, 2014 во Вести, До 19 год, До 17 год

Од 5.07 до 13.07 македонските фудбалски репрезентации до 17 и 19 години ќе бидат на камп во Дојран.

На списокот на Боби Стојкоски во генерацијата до 17 години се следните фудбалери: Филип Трајчевски (ФК Вардар), Ристе Јанков (ФК Работнички), Виктoр Стојковски (ФК Металург), Филип Гичевски (ФК Македонија Ѓорче Петров), Тодор Терзиев (ФК Македонија Ѓорче Петров), Антонио Митрев (ФК Металург), Белмин Чуљевиќ (ФК Македонија Ѓорче Петров), Александар Карабаков (ФК Металург), Кирил Ристовски (ФК Цементарница), Давор Здравковски (ФК Македонија Ѓорче Петров), Агон Хани (ФК Академија Пандев), Игор Петков (ФК Академија Пандев), Риад Агуши (ФК Милано), Дарко Додев (ФК Металург), Есмин Личина (ФК Вардар), Милош Тошески (ФК Бродарац - Србија), Нехар Садики (ФК Милано), Милан Ристовски (ФК Работнички), Михаил Маневски (ФК Брегалница), Бењамин Мустафиќ (ФК Адмира Вакер), Албен Сулејмани (ФК Македонија Ѓорче Петров) и Лузим Алиу (ФК Арау-Швајцарија).

Одиме да го одработиме тактичкиот дел од подговките.  Нашата цел e подобро да се воигра селекцијата за престојниот квалификациски циклус каде што сме во исклучително тешка група со две фудбалски велесили - Франција и Англија, како и домашната селекција на Кипар. Секојдневно собираме информаци за овие селекции. Спред тоа ќе ја подготвуваме тактиката за тој турнир.- изјави селекторот Стојкоски.

Во генерацијата до 19 години селeкторот Марио Вујовиќ ги повика: Душан Џорлeв (ФК Црвена Звезда), Филип Илиќ (ФК Металург), Слободан Боцевски (ФК Македонија Ѓорче Петров), Костадин Зајков (ФК Миравци), Алекса Амановиќ (ФК Партизан), Христијан Каранфиловски (ФК Металург), Горан Терзиев (ФК Хит Горица), Дарко Дигаловски (ФК Металург), Антонио Илиевски (ФК Вардар Форино), Игор Перчинков (ФК Работнички), Константин Чешмеџиев (ФК Работнички), Тодор Николовски (ФК Работнички), Сабахудин Алаомеровиќ (ФК Македонија Ѓорче Петров), Реџеп Курт (ФК Академија Пандев), Тихомир Костадинов (ФК Тиверија), Стефан Јефтовски (ФК Металург), Стефан Ремзифаик (ФК Ренова), Бенјамин Демир (ФК Вардар), Петар Петковски (ФК Македонија Ѓорче Петров), Даниел Крезиќ (ФК Хакен-Шведска), Адријан Чаволи (ФК Металург) и Михајло Јакимовски (ФК Металург).

Пред нас е квалификациски циклус каде што имаме релална шанса да поминеме во следната рунда. Овој камп ќе го искристиме да се воиграме и да ги отстраниме слабостите. Сѐ со единствена цел, да стигнеме до пласман во следната рунда. - вели Марио Вујовиќ




   
   
А репрезентација