У16: Пораз од Црна Гора во Бар

Објавено на 06 Ноември, 2014 во Вести


Репрезентацијата на Македонија до 16 години загуби од Црна Гора со 3-1 на гостински терен во Бар на втората контролна пресметка меѓу  двете селекции.

Со погодокот на Јани Атанасов во 50 минута нашата репрезентација поведе со 1-0 и навестивме дека ќе издвојуваме нова победа по триумфот од 1-0 во Подгорица на првата пресметка. Одлична прилика за зголемување на водството имаше Таневски, но неговиот удар  заврши покрај голот. Следуваше комплетен пресврт на Црногорската селекција  која во период  од 10 минути постигна три гола. Со головите на Хот Мирза во 69', Кумбуровиќ  Никола  во 74' и Цаваркапа Новица  во 79' домашната репрезентација  се радуваше на победа.

Селекторот Вујадин Станојковиќ настапи со следниот состав: Стевковски Христијан, Дордичков Методиј, Маневски Михаил, Митрев Антонио, Кировски Андреј,Јовановски Филип (Трајков Васко), Делевски Христијан (Сефо Алтин), Елиф Елмаз, Атанасов Јани (Марковски Дејан), Трапановски Христијан, Здравевски Бобан.

„Одигравме добар натпревар. Одлично го започнавме вториот дел од оваа средба што резултираше со погодок на нашата репрезентација. При 1-0 имавме прекрасна можност за да постигнеме уште еден гол, но за наша несреќа не бевме прецизни. Во продолжението од натпреварот падна нашата концентрација, тоа го искористија Црногорците и постигнаа 3 гола. Се надевам дека во иднина ќе се прикажеме во подобро светло и ке имаме подобри настапи од денешниов"- изјави селекторот Вујадин Станојковиќ.




   
   
А репрезентација