Објавено на 31 Јули, 2014 во Вести, До 21 год
За претпоследниот натпревар од квалификациите за пласман на ЕП 2015. во Чешка, Станојковиќ повика 20 фудбалери.
Голмани: Дамјан Шишковски (Работнички), Игор Алексовски (Македонија Ѓ.П.)
Одбрана: Филип Ристевски (Металург), Алекса Амановиќ (Партизан/Телеоптик, Србија), Ѓоко Зајков (Рен, Франција),Егзон Бетулаи (Шкендија), Јасир Асани (Вардар), Кристијан Тошевски (Тетекс), Виктор Талевски (Ајнтрахт, Германија)
Среден ред: Исник Алими (Киево, Италија), Дарко Велковски (Работнички) , Бесмир Бојку (Работнички), Даниел Аврамовски (Црвена звезда, Србија), Давид Бабунски (Барселона Б, Шпанија), Бобан Николов (Виторул Констанца, Романија), Валмир Нафиу (Хамбургер, Германија)
Напад: Марјан Радевски (Металург), Демир Имери (Шкендија), Кире Марковски (Работнички), Таулант Сулејманов (Работнички)
-Пред се благодарност до ФФМ за укажаната доверба да бидам предводник на репрезентацијата до 21. година. Како спортист и поранешен репрезентативец сметам дека повикот да се биде дел од било која национална селекција е чувство на почит од тие што ти ја дале довербата и еден вид награда за трудот. За мене ова претставува позитивен чекор и се надевам дека заеднички ќе придонесеме кон остварување на добри резултати. Во нашиот список на играчи за натпреварот против Израел нема драстични промени во однос на претходните натпревари, има промени, но сметам дека промените неизбежно мора да се случат поради крајот на квалификацискиот циклус, како и смената на генерации која ќе ни се случува. Иако ги загубивме шансите за добар пласман во циклусот за ЕП, верувам дека на натпреварот против Израел ќе бидеме сплотени, максимално ќе ги одработиме подготовките и конечно ќе бидеме резултатски на посакуваното ниво. Како стручен штаб ќе се посветиме на добра работа, очекувам и фудбалерите да бидат на висина на задачата, да го почитуваат тимот и да потврдат дека за репрезентацијата се игра со срце и мотивираност. Поинаку, барем според моите принципи не смее да биде, изјави Вујадин Станојковиќ.
Собирот на нашата репрезентација е закажан на 11. август во 12.00 часот во хотел „Гранд Плаза“ во Скопје.