У-21: Селективен тренинг камп во Дојран, Милевски го објави списокот на играчи

Објавено на 04 Декември, 2014 во Вести

Стручниот штаб на репрезентација на Македонија до 21. година организира селективен тренинг камп од 7. до 11. декември во Дојран.

Селекторот на нашата млада репрезентација, Благоја Милевски за селективниот тренинг камп повика 24 фудбалери. Со исклучок на Амановиќ од српски Телеоптик и Пивковски од Новара, сите други повикани фудбалери настапуваат во домашниот шампионат. Во рамки на селективниот тренинг камп ќе бидат одиграни и два контролни натпревари, на 9. декември со Хоризонт Турново и два дена подоцна, веројатно со тимот на битолски Пелистер.

Голмани: Дамјан Шишковски (Работнички), Игор Алексовски (Македонија ЃП)

Одбрана: Дарко Велковски (Работнички), Леон Најдовски (Македонија ЃП), Алекса Амановиќ (Телеоптик), Виктор Талевски, Филип Ристовски (Металург), Ангелче Тимовски (Силекс), Бесир Демири (Шкупи), Стефан Коцев (Брегалница Ш), Александар Багашовски (Силекс);

Среден ред: Бурхан Мустафов (Пелистер), Кристијан Иванов (Хоризон Турново), Бесмир Бојку (Шкендија), Мартин Мирчевски (Пелистер), Јасир Асани (Вардар) Валентин Кочовски (Хоризонт Турново), Кире Марковски (Работнички);

Напад: Виктор Англелов (Металург), Филип Пивковски (Новара), Марјан Радевски (Металург), Димитар Иванов (Вардар), Љавдрим Скендери (Ренова), Демир Имери (Шкендија);

-Сметаме дека овој начин на работа може да биде многу корисен и за нас како стручен штаб во репрезентацијата и за играчите кои се повикани, а добиваат шанса да се наметнат во националната селекција. Кампот е селективен, повикавме играчи кои преку настапите за своите клубови потврдија дека имаат потенцијал да бидат дел од репрезентативниот состав, а преку овој тренинг камп тоа треба да го потврдат.  Не отстапуваме од начинот кои веќе го применуваме во младата селекција, а тоа е да им се даде шанса на играчите кои играат квалитетно за своите клубови да добијат шанса да се наметнат и во репрезентацијата. Од играчите кои не беа повикани на претходните два натпревари сега ќе добијат шанса Коцев од Брегалница, Багашовски од Силекс, Мирчевски од Пелистер, Кочовски од Турново и Амановиќ кои се наметна преку настапите за репрезентацијата до 19. години. Се надевам дека сите ќе ја сфатат сериозноста на тренинг кампот, а ние ќе имаме појасна слика за квалитетот на играчите кои добиваат шанса и имаат можност да потврдат дека можат да бидат дел од составот и за квалификациските натпревари, изјави селекторот Благоја Милевски.




   
   
А репрезентација