У-21: Против Израел на „Филип Втори“

Објавено на 16 Јули, 2014 во Вести, До 21 год

Македонската репрезентација до 21 година на 13. август 2014 г. на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје ќе го одигра претпоследниот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2015 во Чешка.

За пресметката против Израел ќе биде отворена јужната трибина, а влезниците за натпреварот ќе се продаваат преку мрежата на Mk Tickets по цена од 100 денари.

Последниот настап во квалификациите за ЕП 2015 македонската репрезентација ќе го има на гостински терен против Израел на 9. септември. 



   
   
А репрезентација