У-19: Македонија – Лихтенштајн 5:1

Објавено на 14 Октомври, 2014 во До 19 год

Македонската селекција до 19. години со убедлив триумф од 5:1 (1-1) го заврши квалификацискиот настап во Групата 12.

Но, истиот   е недоволен за прогрес во следната фаза, бидејќи селекциите на Франција и Босна и Херцеговина на  стадинот „Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари одиграа 0-0, резултат што им одговараше и на двете  репрезентации. Головите за нашата селекција ги постигнаа Валентин Кочовски (35 минута), Дориан Бабунски постигна хек-трик (49, 51 и 81 минута) и Петар Петковски (90 минута).

По слободниот удар на Хофер Џонс од 20 метри и грешката на нашиот голаман Душан Ѓурѓевиќ селекцијата на Линхенштајн по малку неочекувано во 19. минута од натреварот стигна до водство.  По ова избранците на Марио Вујовиќ целосно ја преземаа контролата на играта и како резултат на тоа следеа шансите на Петар Петковски (21 и 40 минута), Андријан Чаволи (29, 31 и 39 минута) и слобдониот удар на Тауљант Сулејманов во 44 минута.

Селекторот Марио Вујовиќ натпреварот го започна во следниот состав: Ѓоргев Дуашан, Боцевски Слободан, Аманович Алекса, Кочовски Валентин (Костадинов Тихомир 69 минута ), Терзиев Горан (Сулејманов Тауљан 33 минута), Аломеровиќ Сабахудин, Петковски Петар, Чесменџиев Константин, Бабунски Дорјан, Демир Бенјамин, Чаволи Андријан (Крезич Даниел 60 минута)

Од  досега завршените квалификациски групи нашата селекција е најдобро трето пласирана. Доколку во четирите преостанати групи нема подобро пласирана селекција од нашата сепак ќе обезедиме пласман во следната натреварувачка рунда.

„Шансата беше пропуштена на средбите со Франција и Босна и Херцеговина. Во средбата влеговме опуштено, по примениот гол играчите ја разбраа пораката и почнаа да играат. Но, пласманот во нашата група зависеше од втората средба. Франција и Босна и Херцеговина одиграа колку што им беше потребно на двете репрезентации“ - резимираше селекторот Марио Вујовиќ по завршувањето на овој квалификациски циклус.






   
   
А репрезентација