У-18: Македонија поразена со 2:1 од Унгарија на првиот гостински контролен натпревар

Објавено на 28 Октомври, 2014 во Вести


Репрезентацијата на Македонија до 18 години загуби со 2:1 од Унгарија на првиот од двата контролни дуели меѓу двете селекции кои се играат во Будимпешта.

Хурсан во 74. минута го постигна голот за победа на домашната репрезентација. Унгарија со погодокот на Имре во 12. минута го отвори резултатот, нашата репрезентација израмни во 31. минута со голот на Мејди. Фудбалерите на Јетон Несими во првиот дел не искористија две одлични шанси за погодок, првата преку капитенот Петковски и втората по ударот на Илбер Мејди. На почетокот на второто полувреме се заканивме и преку Бочевски, во 61. минута и преку Селмани но не успеавме да реализираме. Последната шанса за израмнување не ја искористовме во 89. минута откако унгарскиот голман го одбрани ударот на Курт Реџеп.

Селекторот на Македонската репрезентација Јетон Несими натпреварот го започна во следниот состав:

Филип Илиќ, Слободан Бочевски, Тела Шаип, Стефан Јефтовски, Игор Перчинков, Дин Аломеровиќ, Илбер Мејди, Саше Шоповски, Петар Петковски, Селмани Ремзифаик, Бесарт Исеини.

-  Не сум задоволен од одредени поединци од нашиот тим, добија шанса да потврдат дека имаат потенцијал и квалитет за да настапуваат во репрезентацијата, но барем на овој натпревар не ја искористија. Се надевам дека многу посериозно ќе ја сфатиме одговорноста на вториот натпревар и максимално ќе се трудиме да оствариме позитивен резултат - изјави селекторот на македонската репрезентацијата до 18 години, Јетон Несими.



   
   
А репрезентација