Објавено на 12 Август, 2014 во Вести, До 19 год
За двете гостински пресметки со Романија, селекторот на македонската репрезентација, Јетон Несими ги повика следните фудбалери:
Голмани: Илиќ Филип (Металург), Целески Боби (Македонија Ѓ.П)
Одбрана: Боцевски Слободан (Македонија Ѓ.П), Аломеровиќ Сабахудин (Вардар), Каранфиловски Христијан (Металург), Дигаливски Дарко (Металург), Георгиески Иван (Работнички), Перчинков Игор (Работнички)
Среден ред: Билали Сабит (Ренова), Јевтовски Стефан (Металург), Курт Реџеп (Хоризонт Турново), Мирчевски Мартин (Пелистер), Бесарт Исени (Шкупи), Амети Буњамин (Шкупи)
Напад: Петковски Петар (Вардар), Георгиев Бобан (Металург), Селмани Ремзифаик (Ренова), Кудијан Андреј (Работнички)
-Романија е многу силна репрезентација, имаме прилика да добиеме увид во нашата форма и двата натпревари ќе ни бидат од голема корист. Во составот на нашата репрезентација голем дел од фудбалерите настапуваат и за селекцијата до 19 години, репрезентација која годинава ја очекуваат квалификации така што натпреварите во Букурешт ќе бидат многу корисни и за составот кој го предводи Марио Вујовиќ. Се надевам дека ќе се прикажеме во позитивно издание, изјави селекторот на репрезентацијата Јетон Несими.
Македонија и Романија двата натпревари ќе ги одиграат на терените во тренинг комплексот на Романската фудбалска федерација. Почетокот на првиот натпревар е закажан за 18.00 часот, втората пресметка се игра на 17. август (недела) во 10.00 часот.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....