Објавено на 20 Јуни, 2014 во До 17 год
Јанис Хаџи, синот на легендарниот романски фудбалер Георге Хаџи со гол од пенал ги спаси домашните играчи од пораз на домашен терен. Додев во 37. и Ристовски во 64. минута беа стрелци на головите за македонската репрезентација. Велкота во 27. и Хаџи во 73. минута погодија за селекцијата на Романија.
РОМАНИЈА – МАКЕДОНИЈА 2:2 (1:1)
(Велкота 27`, Хаџи 73` – Додев 37`, Ристовски 64`)
РОМАНИЈА: Базоанка, Монтреану, Гита, Гиша, Фридрих, Костаке, Танасе, Чиобану, Цесап, Михалчеа, Велкота. Играа уште: Поиана, Килиан, Оаида, Коман, Хаџи, Греку
МАКЕДОНИЈА: Јанков, Каракабаков (Стојковски 41`), Митрев, Чуљевиќ (Личина 61`), Гичевски, Хани (Садики 79`), Агуши, Додев, Здравковски, Маневски (Абаз 54`), Ристовски (Мустафиќ 79`).
На првиот дуел кои го одгираа двете репрезентации Романија славеше со 4:1. Нашата репрезентација предводена од Боби Стојкоски се подготвува за октомврискиот квалификациски циклус на Кипар кога за противници ги имаме силните Англија, Франција и домашната селекција на Кипар.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....