У-17: Македонија со два силни тест натпревари против Романија

Објавено на 16 Јуни, 2014 во Вести, До 17 год

Македонската репрезентација до 17 години ќе одигра два контролни натпревари против Романија во Букурешт на тренинг центарот на Фудбалската федерација на Романија. Натпреварите ќе се одиграат на 17 и 19 јуни 2014 година.

Селекторот на нашата репрезентација, Боби Стојкоски за двата натпревари ги повика следните фудбалери:

Голмани: Трајчевски Филип (Академија ФФМ - ФК Вардар), Јанков Ристе (Академија ФФМ - ФК Работнички)

Одбрана: Стојковски Виктор (ФК Металург), Гичевски Филип (Академија ФФМ - ФК Македонија ЃП),Сефери Семават (Баден, Швајцарија), Митрев Антонио (Акадeмија ФФМ - ФК Металург), Чуљевиќ Белмин (ФК Вардар), Каракабаков Александар (ФК Металург)

Среден ред:  Здравковски Давор (Академија ФФМ - ФК Македојија ЃП), Хани Агон (Академија ФФМ - ФК Академија Пандев), Петков Игор (ФК Академија Пандев), Агуши Риад (ФК Милано, Куманово), Додев Дарко (ФК Металург), Личина Есмин (ФК Вардар)

Напад: Ристовски Милан (ФК Работнички), Абаз Емил (Андерлехт, Белгија), Маневски Михаил (Академија ФФМ - ФК Брегалница), Мустафиќ Бењамин (Адмира Вакер, Австрија)

-Овие два натпревари против Романија се исклучително важни за нашата репрезентација, противникот е многу квалитетен и ќе ни даде јасна слика за тоа колкави се можностите и ние да се спротивставиме квалитетно на противниците од квалификациите во октомври на Кипар кога играме против домашната репрезентација, Англија и Франција. Ова е вистински тест за формата во која се наоѓаме. Се надевам дека напредуваме и ќе се спротивставиме квалитетно, изјави селекторот на репрезентацијата до 17 години, Боби Стојкоски.




   
   
А репрезентација