У-17: Црна Гора-Македонија 0:1

Објавено на 29 Септември, 2014 во До 17 год


Македонската кадетска репрезентација славеше победа против соодветната селекција на Црна Гора во тренинг кампот на Фудбалската Федерација на Црна Гора. Единствениот гол нашата репрезентација го постигна во 16 минута по грешката на последната одбранбена линија на домашната репрезентација. Нашата опасна акциај беше прекината од Гаврановиќ, но веднаш потоа овој фудбалер направи катастрофална грешка. Тоа му овозможи на Дарко Додев да го постигне единствениот погодок на оваа средба. Во среднината на првото полувреме избраниците на Боби Стојковски имаа убава шанса да ја дуплираат предноста. Капитенот, Давор Здравковски од десетина метри ја упати топката високо над пречката на домашниот голман Матија Глигоровиќ. Во второто полувреме нашата репрезентација со трпелива игра ги запре сите напади.

Црна Гора: Матија Глигорвиќ (Лазар Царевиќ), Александар Милиќ (Лука Малашевиќ), Бериша Бановиќ, Џорџије Џедовиќ (Никола Ѓуќиќ), Балша Горановиќ (Видо Петриќевиќ), Данило Марковиќ (Данило Вуќичевиќ), Илија Вуковиќ (Божидар Дамјановиќ), Емрах Кркиќ (Дино Мушановиќ), Марко Бурзовиќ, Алија Крниќ (Владан Кордиќ), Филип Воротовиќ (Андрија Чосовиќ).

Македонија: Кристофер Кеев, Кирил Ристовски (Тодор Тодоровски), Филип Гичевски (Семват Сафари), Антонио Митрев, Белмин Чујевиќ (Теодор Терзиев), Есмин Чичина, Милош Тошевски (Нехар Садики), Михаил Маневски, Давор Здрвковски, Дарко Додев (Агон Хани)

Ова е последна подготовка за октомврискиот квалификациски циклус на Кипар кога за противници ги имаме силните Англија, Франција и домашната селекција на Кипар.




   
   
А репрезентација