У-16: Одиграни двете пријателски средби со БиХ

Објавено на 25 Септември, 2014 во До 17 год

Денеска беше одигран вториот пријателски натпревар против селекцијата до 16 години на БиХ.

Натпреварот заврши со резултат 1:0, исто како и првата средба, но помина во знакот на немилиот настан каде со скршеница на ногата и тешка повреда се здоби фудбалерот на ФК Шкендија – Тетово Бурим Курти во 4-тата минута, кој веднаш по повредата е пренесен во болницата во Зеница каде беше направено санирање на повредата и веднаш потоа со помош на Фудбалската Федерација на Босна и Херцеговина е вратен во Скопје заедно со докторот на нашата репрезентација, каде во текот на вчерашниот ден успешно е опериран и се надеваме дека што е можно побрзо ќе се врати на фудбалските терени.

Стрелец за БИХ Недим Хаџиќ во 80 минута (во судиско продолжение, бидејќи се играат две полувремиња по 40 минути).

- Две заслужени победи на БиХ и јас им честитам. Денес ние бевме нешто по конктретни отколку во натпреварот пред два дена. Покажавме дека имаме квалитет и се надевам дека со тек на време уште повеќе ќе напредуваме - изјави селекторот Станојковиќ

Во првиот состав натпреварот за Македонија го започнаа Ристе Шпиров, Методи Ѓоргичков, Андреј Кировски, Христијан Делевски, Бобан Здравевски, Јани Атанасов, Мена Азрен, Васко Трајков, Филип Таневски, Горазд Јаневски и Елиф Елмаз. Резерви: Христијан Стевковски, Димитар Тасев, Оливер Стојменовски, Христијан Трпановски, Бојан Илиевски, Дејан Марковски, Марио Наумоски и Филип Јовановски.




   
   
А репрезентација