У-16: Нерешено против Србија на гостински терен

Објавено на 27 Ноември, 2014 во Вести


Репрезентацијата на Македонија до 16. години го одигра вториот контролен натпревар против селекцијата на Србија. На гостински терен, Македонија избори нерешен резултат, 0-0 против силната репрезентација на Србија. 

На втората пресметка меѓу двете селекции, нашите фудбалери предводени од Вујадин Станојковиќ одиграа поквалитетно и поорганизирано во однос на првиот дуел. Во првото полувреме изгледни прилики за погодок создадоа и двете репрезентации. Најдобрата за нас ја пропушти Трапановски во 24. минута. Во продолжението младите фудбалери на Србија беа поконкретни во обидите да постигнат погодок, но нашиот голман со неколку добри интервенции не одржаа на позитивен резултат. 

Вујадин Станојковиќ, предводникот на македонската репрезентација средбата ја започна во следниот состав: Христијан Стевковски, Тодор Тодоровски, Антонио Митрев, Елиф Елмаз, Андреј Кировски, Христијан Делевски, Аздреен Мена, Јани Атанасов, Христијан Трапановски, Михаил Маневски,  Бобан Здравевски.

Првиот пријателски натпревар меѓу  двете  селекции заврши со убедлив триумф на репрезентацијата на Србија од 4-0.




   
   
А репрезентација