Објавено на 22 Октомври, 2014 во Вести
На стадионот во Ѓорче Петров нашата млада репрезентација одигра нерешено без голови. Двете селекции влегоа многу претплазливо во дуелот, играта се одвиваше главно на средината од теренот каде што се водеше главната битка. Најголемата прилика за погодок ја имаше гостинскиот капитен Драгомир кој со одличен удар од далечина се обиде да го изненади нашиот голман кој беше на висина на задачата. Нашите фудбалери беа подобар противник во вториот дел, меѓутоа теренската иницијатива не ја претворија во сериозна шанса за гол.
Селекторот Вујадин Станојковиќ натпреварот го започна во следниот состав: Стевковски Христијан, Ѓорѓичков Методиј (Петрушевски Стефан), Маневски Михаил, Стојменовски Оливер, Кировски Андреј, Елмаз Елиф, Јовановски Филип (Стојчевски Филип), Делевски Христијан (Алтан Сефо), Мена Асдрен, Атанасов Јани (Марковски Дејан), Трајановски Христијан (Здравевски Бојан).
Вториот пријателски натпревар помеѓу овие две селекции ке биде одигран во четврток со почеток во 11.00 часот на теренот во комплексот „Куќа на фудбалот".Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....