Објавено на 04 Ноември, 2014 во Вести, До 17 год
Христијан Трапановски во 55. минута го постигна голот за победа на нашата репрезентација. Составот предводен од Вујадин Станојковиќ одигра квалитетно, посебно во второто полувреме кога создадовме неколку добри шанси за погодок. Делевски и Маневски беа најблизу до постигнување втор гол за Македонија, но на крајот решавачки се покажа голот на младиот фудбалер на Академија Пандев, Трапановски.
Вујадин Станојковиќ, селекторот на репрезентацијата на Македонија, натпреварот против Црна Гора го започна во следниот состав: Христијан Стевковски, Методиј Ѓорѓичков, Михаил Маневски (40` Мерис Факиќ), Антонио Митрев, Андреј Кировски, Филип Јовановски (40` Васко Трајков), Христијан Делевски (60` Енис Фазлагиќ), Елмаз Елиф, Јани Атанасов, Христијан Трапановски (60` Марио Наумоски), Бобан Здравевски.
- Одигравме солидно во првото полувреме, бевме добри на средината од теренот, не правевме грешки и не му дозволивме на противникот да влезе во шанса. Технички многу подобро одигравме во вториот дел, како тим бевме на посакуваното ниво и на крајот заслужено победивме. Се надевам дека играчите со сличен пристап ќе бидат и на натпреварот во Бар, изјави селекторот на репрезентацијата Вујадин Станојковиќ.
Втората контролна пресметка меѓу двете репрезентации се игра во Бар, во четврток во 11.00 часот.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....