У-15: Црна Гора подобра на првата од двете пријателски средби

Објавено на 01 Октомври, 2014 во До 17 год


Составот на Црна Гора славеше со 1-3 против нашата селекција до 15 години на натпреварот кој се одигра на стадионот на Македонија Ѓорче Петров на 30 октомври со почеток во 16.00 ч.

Ова беше прв собир на оваа генерација, па фудбалерите имаа трема пред настап и не беа во можност да го прикажат она што го зацртавме пред натпреварот. Како последица од тоа дојде и поразот од Црна Гора. Се надевам дека на  утрешниот натпревар ќе ги поправиме грешките од вчера и ќе имаме подобар настап - изјави селекторот на најмладата Македонска селекција, Алекса Мацков.

На првата контролна средба можност за настап добија следните фудбалери: 

Зибери, Спасиќ, Ивановски, Спасов, Рамиќ, Пешевски, Ристевски, Алиу, Колевски, Трајковски, Хајредини 

Резерви: Наков, Трајковски, Каракалашев, Ризанковски, Сефо, Стојановски, Терзиев, Ѓорѓиевски, Љума, Крстев

Втората средба ќе се одигра на 2 октомври со почеток во 11.00ч., исто така на стадионот на ФК Македонија во Ѓорче Петров.




   
   
А репрезентација