Трофеј тура со највредните фудбалски трофеи

Објавено на 27 Јули, 2017 во Вести, UEFA Super Cup


Во пресрет на најголемиот спортски настан во историјата на Македонија, финалето на Европскиот Супер Куп меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, фудбалските фанови во Македонија ќе имаат прилика да се сликаат со највредните фудбалски пехари - Лига на Шампионите, Европска лига и Супер Куп.


На 1. август трите трофеи ќе бидат изложени во Тетово од 09.00 до 11.00 часот, а истиот ден можност да се фотографираат со пехарите од Лига на Шампиони, Европската лига и Супер Куп на УЕФА ќе имаат граѓаните на Охрид, како и туристите кои ќе бидат во посета на градот.

На 2. август, големиот македонски празник Илинден, трофеите ќе бидат во Битола од 10.00 до 12.00 часот и во Прилеп од 18.00 до 20.00 часот.

На 3. август во Неготино од 10.00 до 12.00 часот и во Струмица од 18.00 до 20.00 часот.

На 4. август во Штип од 10.00 до 12.00 часот и во Куманово од 18.00 до 20.00 часот.

На плоштадот „Македонија“ во Скопје, големите трофеи на УЕФА ќе бидат изложени на 7. (11.00 до 19.00) и 8. август од 11.00 до 16.00 часот. 




   
   
А репрезентација