Објавено на 11 Ноември, 2017 во Вести, Вести
Продолжува одличната резултатска серија на македонската сениорска репрезентација. На арената „Филип Втори“, избраниците на селекторот Игор Ангеловски, победија со 2:0, во пријателски дуел против Норвешка. Капитенот Горан Пандев го постигна погодокот за водство, а победата ја потврди Маркоски во последната минута од мечот.
Ова е прва победа за Македонија против Норвешка во четвртиот меѓусебен дуел, по претходните едно реми (0-0 во 2009 година), и два порази (1-2 во 2009 и 0-2 во 2013 година).
„Гранде Пандев“ погоди во 43. минута кога одлично влезе во шеснаесетникот и по асистенција на Алиоски, ја затресе мрежата на противникот. За популарниот Гоче ова беше 31 погодок во националниот дрес.
Во листата на стрелци се запиша и Кире Марковски во последната минута од натпреварот запишувајќи го својот дебитантски гол во А репрезентацијата.
Оваа 2017 година ќе биде запаметена како една од најуспешните години за сениорите. Во вкупно девет одиграни средби, победија пет пати, имаат и три нерешени, а само еднаш беа поразени и тоа во дуелот со некогашниот европски и светски првак Шпанија.
МАКЕДОНИЈА – НОРВЕШКА 2-0 (1-0)
Национална арена „Филип Втори“ во Скопје. Гледачи: 3.000. Стрелци: Пандев 43′, Маркоски 93′ (М). Ж. картони: Алиоски (М), Мелинг, Одегард, Камара, Трондсен (Н).
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Ристевски, Зајков, Велковски, Ристовски, Барди (76′ Николов), Спировски, Радески, Трајковски (56′ Хасани), Пандев (68′ Тричковски), Алиоски (88′ Маркоски)
НОРВЕШКА: Грујтебуст, Хенриксен, Валсвик, Линс (46′ Даели), Мелик, Нордтвит, Одегард (59′ Торсби), Селнес (75′ Ел Јонуси), Сорлот, Свенсон, Камара.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....