Објавено на 07 Септември, 2018 во Вести, Вести
Македонската А репрезентација попладнето на тренинг центарот „Петар Милошевски“ го одржа предвидениот тренинг по враќањето од Гибралтар. Нашата селекција со победа од 2:0 ги започна натпреварите од Лига на Нации. В недела од 18:00 часот Македонија на Националната арена „Филип Втори“ го игра првиот домашен натпревар во групата Д.
- Победивме против Гибралтар на начин на кој веројатно и посакувавме. Не се трошевме премногу, искористивме две шанси во првото полувреме, а тоа беше доволно да го оствариме зацртаното. Ерменија ќе биде потежок дуел, секако, многу посилна селекција од таа на Гибралтар, но ние сме во одлична серија и не мислиме да застанеме. Имаме време за анализа, ќе реализираме три тренинзи во деновите пред натпреварот и сите сме оптимисти дека ќе оствариме позитивен резултат. Поддршка од публиката ќе ни значи многу, се надевам дека ќе ја добиеме, изјави напаѓачот Александар Трајковски.
- Одбраната против Гибралтар беше на ниво, но сепак ќе мораме да бидеме далеку посконцентрирани во дуелот со Ерменија. Сите сме позитивни, Македонија има одлична низа на резултати и доколку пристапот ни биде како на претходните натпревари, таа серија ќе трае. Ја повикувам и публиката да дојде на нашата арена и заеднички да се радуваме на победа, изјави Кире Ристевски.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....