Објавено на 28 Јули, 2015 во Вести, FFM-Newsletter
Поранешниот голман на македонската репрезентација од 1998 до 2001 година со успех ги бранеше боите на Трабзонспор, а турците не го забораваат тоа и со посетата на неговиот гроб му дадоа почит на својот екс-чувар на мрежата. Челниците на Трабзонспор само што пристигна во Скопје ја оствари најавената посета на гробот на Милошевски. Претседателот на Трабзон, Ибрахим Хаџиосманоглу, спортскиот директор Сулејман Хурма, техничкиот директор, Схота Арвеладза, капитенот Онур Киврак и други претставници на турскиот гигант му одадоа почит на Петар Милошевски, а во таа прилика се сретнаа и со сопругата на покојниот поранешен голман, Ирeна.
Секако, овој гест на турците привлече големо внимание и освен почитта за покојниот Милошевски покажаа како големите клубови ги респектираат тие што даваат придонес за нивниот клуб.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....