Објавено на 16 Ноември, 2020 во Вести, Вести
Репрезентацијата на Македонија денеска пристигна во Никозија каде што во среда ќе го одигра последниот натпревар од Лигата на Нации против Ерменија. Вечерва репрезентативците одржаа полесен тренинг, а очекувањата за натпреварот со Ерменија ги искажаа играчот на Шкендија, Еннур Тотре и Дарко Мицевски од Вардар.
“Се пласиравме на ЕП, тоа го остваривме, секој натпревар е важен и го цениме. Знаеме за Ерменија за тимот, но за нас најважно е да ги спроведеме на дело задачите од стручниот штаб. Имаме многу промени, многу играчи недостасуваат, но јас верувам дека ќе го дадеме максимумот тие што сме тука. Важно е да бидеме први во оваа група, која носи пласман во Б сегментот”, рече Тотре.
“Секогаш е чест да се биде дел од националната репрезентација. Ќе се обидам да ја искористам шансата. Не чувствувам притисок од тоа што ќе мора да ги менувам Елмас, Адеми, Барди во средниот ред. Секој фудбалер гори од желба да настапи за својата земја”, изјави Дарко Мицевски.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....