Објавено на 08 Октомври, 2015 во Вести, Вести
Големиот играч и капитен реши да стави крај на репрезентативната кариера и да им отстапи место на помладите. Пачовски 17-ет години мина во македонските национални репрезентации. Во најдобрата селекција дебитираше на 04. јуни 2006 година на пријателскиот натпревар Македонија – Турција (1-0) одигран во Германија. Утрешниот натпревар на кој ќе ја носи капитенската лента ќе му биде вкупно 47-ми во дресот на Македонија.
-Утрешниот натпревар ќе биде посебен за мене, веројатно најемотивниот во фудбалската кариера. Ќе се простам од репрезентативниот дрес, дресот кој го носев 17-ет години. Ќе се простам од тимот кој го чувствувам како семејство. Благодарност до Фудбалската федерација на Македонија за целата поддршка, благодарност до сегашните и колегите со кои минавме долг период, време во кое имавме и радосни и моменти на тага. Благодарност до стручниот штаб, лекарскиот тим и луѓето задолжени за опремата и логистика. Репрезентацијата ми помогна да се изградам како играч и како личност. Никогаш нема да ги заборавам убавите моменти. Чувствувам дека е време да го отстапам местото на помладите, имаме надежни голмани и не сакам да им бидам пречка во нивниот напредок. Напротив, на сите во репрезентацијата им посакувам да споделуваат само убави моменти и да се радуваат на успеси. Македонската репрезентација секогаш ќе биде мојот тим број еден, вели Томе Пачовски.
Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...
Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....