Објавено на 13 Ноември, 2021 во Вести, До 21 год
Репрезентацијата на Македонија до 21 година на тренинг центарот „Петар Милошевски” ги продолжува подготовките и по нерешениот исход со Украина, фокусот комплетно го насочува кон мечот со Франција од 6. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство во Романија и Грузија 2023 година.
Стрелецот на единствениот погодок на Македонија на средбата со Украина и еден од најдобрите поединци на тој меч, Томче Гроздановски е задоволен од играта против силната Украина, особено во второто полувреме.
„Атмосферата во тимот е на високо ниво, тука во репрезентацијата сите фукнционираме како еден тим, тоа се гледа и на самите натпревари. Што се однесува до дуелот со Украина, одигравме квалитетен натпревар, особено во второто полувреме против силен противник со извонредно технички потковани играчи. Натпреварот го започнавме во грч, бевме повлечени, трчавме многу, но не успеавме да наметнеме своја игра, ја препуштивме иницијативата на противникот. Но, во вториот дуел одигравме многу послободно, агресивно и отворено, а на крајот имавме можност и да ги освоиме трите бода, но немавме среќа. Мислите комплетно ги насочивме кон дуелот со Франција, селекција која е топ фаворит во групата. Верувам во моите соиграчи и во оваа репрезентација, доколку одиграме онака како што од нас очекува селекторот, верувам дека можеме да ја изненадиме и Франција. Овој тим има квалитетни фудбалери и поседува голем потенцијал”
Избраниците на селекторот Драги Канатларовски на 15. ноември во вторник на Националната арена „Тодор Проески” ja пречекуваат селекцијата на Франција во натпревар од 5. коло од квалификациите за пласман на ЕП.
Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...
Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....