Објавено на 13 Септември, 2015 во Фудбалски Асови, Вести
По кратко боледување, во Скопје, на
80-годишна возраст почина една од легендите на македонскиот фудбал, голманот на
Вардар Тоде Георгиевски.
Георгиевски беше во тимот
на Вардар кој го постигна најголемиот успех во својата историја во поранешна
Југославија, освојувајќи го Купот 1961 година победувајќи го во финалето во
Белград Вартекс од Вараждин со 2:1.
Во црвено-црниот дрес одигра 239 натпревари во периодот од 1950 до 1964 година кога во златната вардарова генерација тогаш играа: Т. Георгиевски, Анѓушев, Вучидолов, Трајчевски, Божиновски, Дацевски, Илиевски, Николовски, Велковски, Дончевски, Шулинчевски.
За Тоде Георгиевски е поврзан уште еден интересен податок - додека беше на отслужување на воениот рок во Љубљана, со специјална дозвола на тогашните воени власти бранеше за прволигашот Одред од Љубљана.
Тоде Георгиевски е добитник на наградата за животно дело „13 Ноември“ што го доделува Сојузот на спортови на град Скопје.
Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...
Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....