Објавено на 30 Мај, 2018 во Вести
Екипата на Тиверија Струмица е освојувач на Купот на Македонија во женска конкуренција. Во финалето со убедливи 5:0 го совладаа тимот на Драган на стадионот во Пехчево.
По првиот дел, струмичанка имаа еден гол предност, а доминацијата ја потврдија со дури четири погодоци во второто полувреме. Теодора Димоска го отвори резултатот, а стрелци во продолжението беа уште капитенката Александра Ристовска, Рабиа Дервиши и Ангела Стојковска која беше двоен стрелец.